Ел-Белед
البلد
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Не! Се колнам во градот овој,
- како граѓанин ќе бидеш во градот тој.
И се колнам во родителот и во она што го роди!
Ние го создаваме човекот, секако, да се труди.
Мисли ли дека никој не може против него?
Тој вели: „Голем имот потрошив!“
Мисли ли дека никој не може да го види?
Нели Ние му дадовме очи две,
и јазик и усни две?
И Ние го упативме кон патишта два,
па не можеше да се искачи по Аккаба.
А знаеш ли ти што е тоа Аккаба?
Па, роб да се ослободи,
или да се нахрани кога гладот коси,
јетим или од роднината блиска,
или сиромав, со неволји оптоварен,
и да биде, освен тоа, меѓу оние кои веруваат и кои еднинадруги трпеливост препорачуваат и кои еднисодруги милост препорачуваат.
Онаквите се жители на Среќата,
а оние кои не веруваат во знаменијата Наши... жители се на Несреќата.
Врз нив ќе биде оган затворен.