Страна1 / 1
← Сите сури

Еш-Шемс

الشمس

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Се колнам во Сонцето и светлината негова,

2

и во Месечината кога го следи,

3

и во денот кога ќе го раздени,

4

и во ноќта кога ќе го покрие,

5

и во небото и во она што Он го подигна,

6

и во земјата и Оној што ја простре,

7

и во душата и Оној што ја создаде,

8

па и вдахна да разликува расипано од богобојазливо.

9

Се спаси, секако, оној што ќе ја очисти,

10

а ќе пропадне оној што ќе ја извалка.

11

Семуд лажеше заради насилството свое,

12

кога еден несреќник се појавил меѓу нив,

13

па им рече Аллаховиот пејгамбер: „Камилата Аллахова... ред е нејзин да пије!“

14

Тогаш го сметаа за лашко; ја заклаа. И Господарот нивни ги казни заради гревот нивни и, ете, ги снема.

15

И Он не се плаши од последиците на тоа!