Страна1 / 1
Ед-Духа
الضحى
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Се колнам во утрото,
2
и во ноќта кога таа ќе се скрие,
3
Господарот твој не те остави и не те замрази!
4
За тебе сигурно е подобро на Ахирет отколку на овој свет!
5
Господарот твој, секако, ќе ти даде и ќе бидеш задоволен!
6
Нели Он те затекна сираче? Па, потоа, те заштити.
7
Нели Он те затекна скршнат во заблуди? Па, потоа, те упати!
8
Нели Он те затекна сиромав? Па, потоа, те збогати!
9
Ете, затоа, јетим не угнетувај,
10
а оној кој пита, не одбивај го!
11
И за благодатите на Господарот твој, тогаш, разговарај!