Страна1 / 1
Ет-Тин
التين
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Се колнам во смоквата и во маслинката,
2
и во ридот Синај,
3
и во овој град, безбеден -
4
дека човекот, секако, Ние го создадовме во најличен изглед,
5
а потоа Ние ќе го вратиме во најгрд изглед,
6
освен оние кои веруваат и кои добри дела работат... та за нив има награда неизмерна.
7
Па, што те натера да го сметаш за лажен Денот ветен?
8
Нели Аллах од праведните судии е Најправедниот?