Страна1 / 1
← Сите сури

Ел-Алек

العلق

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Читај во името на Господарот твој кој создаде,

2

го создаде човекот од грушка на крв!

3

Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден,

4

кој поучува со перце:

5

го поучи човекот со она што не го знаеше.

6

Но, не! Човекот, навистина, се засилува

7

откога ќе види дека, секако, е во изобилије.

8

Кон Господарот твој, навистина, е враќањето!

9

Го виде ли оној кој му забранува

10

на робот намаз да изврши?

11

Го виде ли дека е по Патоказот,

12

или, пак, дека наредува богобојазливост?

13

Го виде ли дека лаже и дека плеќите ги врти?

14

Е, па, не знаеше ли дека Аллах, навистина, гледа?

15

Но, не! Ако не престане со тоа Ние, навистина, ќе го фатиме за чело,

16

за челото лажно и грешно!

17

Па, нека ја повика дружината своја,

18

а Ние ќе ги повикаме Зебаније!

19

Но, не! Ти не слушај го него, падни на сеџде и приближисе до Аллах!