Ел-Бејина
البينة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата и многубошците, не престанаа се додека не им дојде јаснотија,
еден пејгамбер од Аллах кој им ги кажува страниците чисти,
во кои има прописи исправни.
А оние со дадената им Книга станаа деленици токму по дојдената им јаснотија.
Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено да Му ја предаваат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И, ете, тоа е верата исправна!
Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата, и многубошците ќе бидат во огнот џехеннемски и во него за навек ќе останат... да, онаквите се од сите суштества најлошите!
Оние кои, навистина, веруваат и кои добри дела работеа... да, онаквите се од сите суштества најдобрите.
Наградата нивна е кај Господарот нивни: џеннетски бавчи на Ади испод кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Аллах ќе биде задоволен од нив а и тие ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е за оној кој се плаши од Господарот Свој!