Страна1 / 1
Ез-Зилзал
الزلزلة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Кога земјата ќе биде потресена со потресот свој,
2
и кога земјата ќе ги исфрли тежините свои,
3
и кога човекот ќе рече: „Што ти е?“ -
4
на Денот тој ќе се случат, токму, кажувањата нејзини,
5
кога Господарот твој, навистина, тоа ќе и го вдахне.
6
На Денот тој луѓето ќе се појават, поединечно, за очигледни да им станат делата нивни:
7
па, оној кој прави нешто добро колку голушка ситно, ќе го види,
8
и оној, пак, кој прави нешто зло колку голушка ситно, ќе го види!